Şerife Çetin
28 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
БРИСЕЛ (AA) - Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) се собраа на неформалниот самит во Брисел за да по изборите за Европскиот парламент разговараат за кандидатите кои би презеле клучни позиции во институциите на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Германската канцеларка Ангела Меркел пред самиот самит на новинарите им рече дека и понатаму го поддржува Манфрид Вебер, водечкиот кандидат на конзервативците, од Европската народна партија (ЕПП), за позицијата претседател на Европската комисија.
Истакна дека секако ќе бидат продолжени преговорите за доа до 20-21 јуни кога ќе се одржи главниот самит на ЕУ.
Претседателот на Франција Емануел Макрон рече дека Европа итно треба да им се посвети на одредени проблеми и предизвици, вклучувајќи ги и климатските промени.
Нагласи дека приоритет е јакнење на европската економија и дека се потребни одредени промени во областа од одбраната, миграциите и безбедноста на границите.
Истакна дека за позицијата претседател на ЕК, ќе поддржи искуссен и доверлив кандидат, не спомнувајќи конкретни имиња.
„Денес не сакам да зборувам за имиња. Сакам да се фокусмирам на проекти, приоритети и критериуми", рече Макрон пред новинарите.
Два дена по европските избори, челниците на земјите членки на ЕУ се состануваат денес во Брисел. Главни теми на разговорите се резултатите од изборите и распределба на клучните позиции во рамките на институциите на ЕУ.