Sibel Uğurlu
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
БАГДАД (АА) - Најмалку 8 цивили се убиени во самоубиствен бомбашки напад кој утрово се случи во ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван претставник на полицијата соопшти дека мета на нападот бил паркот во местото Ал Шиала, северно од Багдад.
На местото на нападот животот го загубија најмалку осум цивили, додека 11 лица се префрлени во болница.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Терористичката организација ДЕАШ во летото 2014 година го окупираше ирачкиот град Мосул и низа соседни региони, а со заедничка операција на ирачките сили, е ослободен во јули минатата година. Постојана безбедносна закана за Ирак и понатаму претставуваат притаените ќелии на ДЕАШ, но и терористите на ПКК кои делуваат во северниот дел на земјата.