Zeynep Tüfekçi
14 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
МОГАДИШУ (АА) - Терористичката организација Ал Шабаб изврши самоубиствен напад врз полициската академија во главниот град на Сомалија, Могадишу, во кој смртно настрадаа 10 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на државната новинска агенција на Сомалија, СУНА, припадник на оваа терористичка организација со полициска униформа влегол на местото каде што полицајците изведувале вежба и ја активирал експлозивната направа што ја носел. Според првичните сознанија, 10 лица го загубиле својот живот, додека десетици се повредени.
Здравствени извори тврдат дека 13 лица загинале како резултат на самоубиствениот напад.
Нападот е извршен за време на воениот марш одржан по повод годишнината на основањето на полицијата.
Според соопштението на интернет страницата „Сомали Миму“ поврзан со организацијата Ал Шабаб, оваа организација ја презеде одговорноста за нападот.
Ал Шабаб од 2004 година врши терористички напади во Сомалија.