Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Организацијата „Лекари без граници“, веруваат дека во операциите кои во август ги започна мјанмарската војска во подрачјето на Аракан, извршено е убиство на најмалку 6.700 муслимани во текот на првиот месец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави Би-би-си (BBC), во истражувањето поврзано со бегалците во Бангладеш, од 25 август до 24 септември во Мјанмар убиени се 9.000 аракански муслимани, од кои најмалку 6.700 се жртви на насилство.
Организацијата Лекари без граници претпоставува дека 69 отсто од загинатите 6.700 аракански муслимани се убиени со оружје, 9 отсто загинале со палење, додека 5 отсто се починати од примена на физичка сила врз нив.
Организацијата информира дека најмалку 730 од убиените аракански муслимани се на возраст под 5 години. Од овие деца, 59 отсто се убиени со оружје, 15 отсто се палење, 7 отсто се убиени со тепање, додека 2 отсто починале нагазувајќи на мина.
Според оваа организација, бројката на аракански муслимани кои преминале во Бангладеш изнесува 647.000 лица, а врз основа на спроведеното истражување за властите од Мјанмар ја користат изјавата „најотворено, широко распространето насилство”.
Организацијата „Лекари без граници“ предупредува дека е дозволен многу ограничен пристап за хуманитарните организации во Аракан.
Мјанмарската војска соопшти дека во првиот месец починале околу 400 набљудувачи на операциите, кои биле именувани како терористи.
- Етничко чистење на араканските муслимани -
Според извештајот на Обединетите нации, од 25 август досега, бегајќи од теророт во Мјанмар, во Бангладеш се засолнале околу 626.000 аракански муслимани. Во извештајот се наведува дека во селата кои се во потполност запалени, убиени се илјадници аракански муслимани.
Во нападите, кои мјанмарска војска ги претвори во етничко чистење, запалени и уништени се 300 села од страна на војската и будистичките милитанти. Повеќе од 600.000 аракански муслимани, преку планинските предели, преминаа во Бангладеш по речен и морски пат, додека сѐ уште десетици илјади лица бегаат, барајќи го својот спас. Се претпоставува дека во 1970 година во Аракан живееле околу 2 милиони муслимани, а поради систематските напади врз муслиманите и бегствата сите овие години, оваа бројка денеска изнесува под 350.000 лица.