Mustafa Deveci
01 Декември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Саудиска Арабија им дозволи на израелските авиони да го користат нивниот воздушен простор за летовите кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста објавена на израелскиот канал „И24њуз“ („I24news“) се наведува дека администрацијата на Тел Авив побарала од Вашингтон да преземе иницијатива за да им се дозволи на израелските авиони да го користат воздушниот простор на Саудиска Арабија.
Се истакнува дека Џаред Кушнер, зет и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, веднаш презел иницијатива и Саудиска Арабија им дозволила на израелските авиони да го користат нејзиниот воздушен простор за летовите кон ОАЕ.
Со ова, рутата на израелските компании на летовите кон ОАЕ, што ќе започне од овој месец, е скратена за повеќе од половина.
Исто така, во веста се додава дека дозволата ќе важи само за ОАЕ и дека на израелските компании нема да им биде дозволено да го користат воздушниот простор на Саудиска Арабија за летовите кон други земји.
Делегација од Тел Авив го посети Абу Даби на 31 август по договорот меѓу Израел и ОАЕ за нормализирање на односите.
Дел од американските власти, предводени од Кушнер, заминаа од Тел Авив кон Абу Даби со истиот авион со израелската делегација. Авионот пристигна во ОАЕ, користејќи го воздушниот простор на Саудиска Арабија.