Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Hamdi Yıldız
14 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
РИЈАД (AA) - Властите во Саудиска Арабија го поддржаа воениот удар во Судан, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Кралството Саудиска Арабија ги поддржува одлуките и чекорите на Воениот совет во Судан и го поддржува народот на таа земја“, се наведува во прогласот кој го објави саудиската новинска агенција СПА.
Во текстот, исто така се наведува дека саудискиот крал Селман бин Абделазиз наредил испраќање хуманитарна помош во лекови, нафтени производи и пченица.
Суданската војска во четвртокот, по повеќемесечни протести, го собори претседателот Омар ал Башир, кој владееше со Судан од 1989 година.
Војската исто така основаше Воен совет кој ќе управува со земјата во преоден период од две години.
Во ноќта од петокот кон саботата министерот за одбрана, Ахмед Авад Ибн Ауф, поднесе оставка на позицијата претседател на Воениот совет, а на неговото место е именуван генерал-полковникот Абдел Фатах ал Бурхан.