Serdar Bıtmez,Gülşen Topçu
27 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
РИЈАД
Владата на Саудиска Арабија потврди дека од Кина ќе купи медицински материјал за дијагностицирање на новиот коронавирус (Ковид-19) во вредност од околу 265,3 милиони долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Саудиската новинска агенција СПА (SPA) објави дека властите на Ријад и Пекинг потпишале договор за медицински материјали во вредност од околу 265,3 милиони долари.
Со договорот е предвидено Кина, меѓу останатото, на Саудиска Арабија да ѝ испрати девет милиони тестни комплети, како и друг медицински материјал. Исто така, ќе изгради шест лаборатории од кои една ќе биде мобилна и која ќе биде во можност да извршува 10 илјади тестови дневно.
Договорено е и да се испрати група од 500 експерти и техничари кои ќе ги работат тестовите но и ќе ги обучуваат здравствените работници на Саудиска Арабија.
СПА наведе дека власта во Ријад претходно купи тестни комплети од САД, Швајцаија и Јужна Кореја, а целта е да набават 14,5 милиони тестови.
Според податоците на Министерството за здравство, во Саудиска Арабија, со Ковид-19 заразени се 17.522 лица, а починаа 139.