Sertaç Bulur
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
АНКАРА (AA) – Властите во Саудиска Арабија приведоа 16 лица кои приходите од организирање на хаџ и умра (аџилак) ги давале на терористичката организација ФЕТО. Приведените лица се депортирани и предадени на турските функционери, јавува Anadolu Agency (AA).
АА дознава дека важна улога во спроведувањето на осомничените имала и Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ).
Приведените лица се турски државјани, а откако што нивниот идентитет е претставен на саудиските службеници следувало приведување, а потоа и депортација.
Приведените во рамките на операцијата која ја водел Одделот за борба против тероризмот при турската полиција со авион се префрлени во Турција.
АА дознава дека во Турција за нив била издадена потерница поради членство во терористичката организација ФЕТО, а екипите на Одделот за борба против тероризмот при полицијата во Анкара ги привеле. Осомничените се однесени во полиција за да дадат исказ.