Mahmut Geldi
08 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Саудискиот принц Абдулазиз бин Селман ал Сауд е назначен за министер за енергетика на Саудиска Арабија на местото на Халид ел Фалих, кој беше разрешен од министерската функција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според новиот кралски декрет објавен на саудиската официјална новинска агенција СПА, од своите функции разрешени се министерот за енергетика, Фалих, и заменик-министерот за индустрија и рударски ресурси, Абулазиз бин Абдула Абдулкерим.
Со овие нови декрети, принцот Абдулазиз бин Селман ал Сауд е назначен за министер за енергетика, додека Усаме бин Абдулазиз ез Замил е назначен за заменик-министер за индустрија и рударски ресурси.
Синот на кралот Селман бин Абдулазиз ал Сауд, а воедно и нов министер за енергетика, принцот Абдулазиз, од 2017 година ја вршеше функцијата државен министер задолжен за енергетски прашања.
Во рамки на кралските декрети, принцот Султан Бин Ахмед ал Сауд е назначен за амбасадор на Саудиска Арабија во Бахреин.
Разрешениот министер за енергетика, Халид Фалих, минатата недела беше разрешен и од функцијата претседател на Управниот одбор на саудиската национална нафтена компанија „Saudi Aramco“, на чие место беше назначен Јашир Осман ел Румејан, претседателот на Националниот фонд за инвестиции на Саудиска Арабија.