Zeynep Hilal Karyağdı
05 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
РИЈАД (АА) – Пет лица загинаа во катастрофата предизвикана од обилните дождови што ја зафатија Саудиска Арабија во последната недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите за цивилна одбрана изјавија дека пет лица ги загубиле животите поради поплавите што ја зафатија земјата во последната недела.
Нема информации за тоа од кој град се жртвите. Од друга страна, се истакнува дека поради превртувањето на дрвја и семафори, некои патишта се затворени за сообраќај, додека сообраќајот на другите делници се одвива во отежнати услови.
Според локалните медиуми земјата е сведок на најголемите врнежи од дожд во последните 20 години. Во градовите Мека, Медина, Ријад, Хаил, Еш-Шаркије, Асир, Казан, Ел-Баха и Ел-Џевф од 28 октомври, со одредени прекини, продолжуваат обилните врнежи.
Метеоролошкиот завод и управата за заштита на животната средина во соопштението за јавноста упатија повик до граѓаните да бидат внимателни поради неповолните временски услови и ако не се принудени да не излегуваат за време на обилните врнежи. Исто така беше упатено предупредување за поплави во градовите каде што врнежите се обилни.