свет

Светската здравствена организација објави дека 17 од 36 болници во Газа делумно обезбедуваат услуги

- Мајк Рајан, директор за глобални итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), информираше дека 17 од 36 болници во Газа делумно обезбедуваат услуга

Muhammet İkbal Arslan  | 30.08.2024 - Обновена : 31.08.2024
Светската здравствена организација објави дека 17 од 36 болници во Газа делумно обезбедуваат услуги

ЖЕНЕВА (АА) - Мајк Рајан, директор за глобални итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), информираше дека 17 од 36 болници во Газа делумно обезбедуваат услуга, известува Анадолу.

Рајан на состанокот на кој присуствуваше преку интернет даде оцена за здравствената состојба во Газа, која е под интензивни напади од страна на Израел.

Соопштувајќи дека само 17 од 36 болници во Газа делумно обезбедуваат услуги, Рајан рече дека болниците се во опасност поради оштетувањата, недостигот на гориво, ограничените медицински материјали и губењето на персонал.

Рајан истакна дека продолжуваат да известуваат за нападите насочени кон здравствените услуги во Газа, каде што во голема мера е уништен здравствениот систем.

„СЗО документираше 1.098 напади врз здравствените служби на окупираните палестински територии помеѓу 7 октомври 2023 година и 22 август 2024 година, од кои 492 се случија во Газа“, рече Рајан, додавајќи дека во овие напади 747 лица се убиени, а 969 се повредени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.