Muhammed Semiz
12 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Светската унија на муслимански научници и Унијата на арапски научници на Магреб ја осудија одлуката на Мароко за нормализирање со Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Светската унија на муслимански научници се наведува дека сеуште е непроменлив ставот на Унија во врска со нормализирање на ционистичка структура која сеуште под окупација го држи Месџид-и-Акса, Кудс (Ерусалим) и Голанската висорамнина.
Во ова соопштение се вели дека нормализирањето на администрацијата на Рабат со Израел е во контрадикција со народот на Мароко кој секогаш го поддржува палестинскиот народ.
Од друга страна, во писменото соопштение на Унијата на арапски научници на Магреб се изразува голема тага поради одлуката на Мароко за воспоставување дипломатски и економски односи преку нормализирање на односите со ционистичкиот субјект, и се упатува апел за повторно да се разгледа оваа одлука.
Според ова соопштение, исламските држави и влади, под внатрешен или надворешен притисок не треба да покажат толеранција во врска со палестинската кауза.