АНКАРА
До Големото народно собрание на Турција (ТБММ) е поднесен претседателскиот предлог во врска со продолжување на времетраењето на дозволата за испраќање војници во Либија за 18 месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во предлогот поднесен со потпис на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се потсетува дека во процесот по настаните што се случија во февруари 2011 година во Либија, напорите за градење демократски институции биле запрени поради растечкиот вооружен конфликт и дека во земјата се појавила фрагментирана структура.
Во предлогот се наведува дека по неуспехот да се воспостави примирје, да се обезбеди политичко единство и формирање функционален државен механизам во Либија, во градот Сухејрат во Мароко на 17 декември 2015 година, со цел градење мир и стабилност во Либија, беше потпишан Политичкиот договор за Либија како резултат на либискиот политички дијалог, што траеше околу една година и се одвиваше со учество на сите либиски партии под покровителство на Обединетите нации (ОН).
Според предлогот, Владата на национално единство (УМХ), формирана во рамки на Либискиот политички договор, беше признаена врз основа на резолуцијата 2259 на Советот за безбедност на ОН од страна на меѓународната заедница како единствена легитимна влада што ја претставува Либија. Се наведува дека резолуцијата 2259 на Советот за безбедност на ОН повикува на спроведување на либискиот политички договор, како и на поддршка на либиските институции што се однесуваат на спорниот договор, вклучувајќи ја и УМХ.
„Турција продолжува силно да ги поддржува напорите за политички дијалог што ќе обезбеди национално помирување, воспоставување постојан прекин на огнот во земјата, заштита на суверенитетот на Либија, територијалниот интегритет и политичкото единство во рамките на меѓународниот легитимитет во рамки на соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН и под водство на ОН“, се вели во предлогот.
„Земајќи ги предвид основните, историските, политичките и економските односи меѓу двете земји што понатаму ги разви Меморандумот за разбирање за ограничување на поморската надлежност во Медитеранот, што е потпишан и стапи на сила меѓу Турција и Либија, за Турција е од голема важност продолжувањето на примирјето и процесот на политички дијалог, како и градењето мир и стабилност како резултат на овој процес“, се наведува во овој предлог.
Во предлогот, во кој се објаснува дека таканаречената Национална војска на Либија ги продолжува своите воени фортификации во централните и источните региони на Либија со поддршка на странски сили, се наведува дека за постигнување на резултатот во воените и политичките разговори, што се водат под покровителство на ООН, е важно да се спречи продолжување на конфликтот.
Исто така, во предлогот се наведува дека продолжуваат опасностите и заканите кон регионот, вклучувајќи ја и Турција, и дека интересите на Турција на Медитеранот и во Северна Африка можат да бидат погодени негативно доколку повторно започнат судирите и нападите на таканаречената Национална војска на Либија.
„Со овие ставови, за да се преземат неопходните мерки според меѓународното право против каква било закана и безбедносен ризик кон националните интереси на Турција; за да се отстранат нападите што можат да бидат насочени против интересите на Турција во Либија од страна на илегалните вооружени групи и организации; за да се обезбеди постојана национална безбедност наспроти потенцијалните масовни закани, како што е миграцијата; испорака на хуманитарната помош потребна за либискиот народ; за да се продолжи со поддршката што ја бара УМХ и со ефективна заштита и заштита на високите интереси на Турција во насока на развојот што може да дојде по овој процес", пишува во предлогот во кој се додава дека истиот има за цел да продолжат да помагаат во водењето брза и динамична политика.
„За да се избегне соочување со тешка состојба во иднина, според текот на развојот на границата, обемот и времето што треба да ги одреди претседателот, и доколку е потребно испраќање на Турските вооружени сили во странски држави, со цел да се извршат операции и интервенции надвор од Турција, употребата на овие сили во согласност со принципите што ќе ги утврди претседателот, преземајќи ги сите мерки за отстранување на опасноста и заканите и да ги спроведе според прописите што ја признаваат оваа можност и според принципите што треба да ги утврди претседателот, во рамките на членот 92 од Уставот ви ги презентирам потребните информации за продолжување за 18 месеци, од јануари 2021 година, на рокот на дозволата бр. 1238 година даден на 2 јануари 2020 година со одлука на Парламентот на Турција“, се додава во предлогот.
news_share_descriptionsubscription_contact
