Mahmut Atanur
06 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
ЏАКАРТА
Во свлечиште кое настана во индонезиската провинција Западен Сулавеси животот го загубија три лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Центарот за информации и комуникации при Националниот центар за управување со катастрофи, Радитја Џати, соопшти дека поројните врнежи од дожд предизвикале свлечиште во селото Келапа Дуа во подрачјето Полевали Мандар, во кое животот го загубиле три лица, а четири се повредени.
Директорот Џати информира дека во подрачјето на свлечиштето се оштетени неколку куќи и возила, а во тек се активности за отворање на затрупаните патишта и расчистување на теренот.
Поплавите и свлечиштата се честа појава во Индонезија која е земја со тропска клима.