Gamze Türkoğlu Oğuz
06 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
АНКАРА (АА) - Во западниот дел на Непал поројните врнежи од дожд доведоа до појава на поплави што предизикаа свлечишта, во кои животот го загубија 8 лица, од кои 7 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави информативната агенција „Кјодо“, во подрачјето на Џаџаркот, во селото Тантибазар свлечиште прекрило две куќи.
Спасувачките екипи ги пронајдоа телата на една жена и 7 деца на возраст меѓу 3 и 11 години.
Во веста се вели дека едно дете се води како исчезнато.