Muhammet Nazım Taşcı
13 Октомври 2022•Ажурирај: 14 Октомври 2022
ИСЛАМАБАД - Во пожар што избувна во автобус кој ги превезувал лицата погодени од поплавите во пакистанската провинција Синд, загинаа 18 лица, меѓу кои има и 8 деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми објавија дека во автобусот имало 80 луѓе, а се движел од Карачи кон Хаирпур Натан Шах. Автобусот се запалил во близина на градот Нуриабада. Во возилото се наоѓале лица евакуирани од подрачјата погодени од катастрофалните поплави што го зафатија Пакистан. Има и повредени.
Во тек е истрага за откривање на причините за несреќата.