Atila Altuntaş
12 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
СТОКХОЛМ (АА) – И Шведска в понеделник ќе донесе одлука за поднесување барање за членство во НАТО откако финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин изјавија дека Финска треба да поднесе барање за членство во НАТО без одлагање, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Експресен“ (Expressen), еден од водечките шведски весници, шведската Влада в понеделник, на 16 мај, ќе ја соопшти одлуката дека ќе поднесе барање за членство во НАТО.
- „Плановите се подготвени“
Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линд, пак, во изјава на оваа тема рече дека не е можно Шведска да стои во место откако Финска ја донесе одлуката да аплицира за членство во НАТО.
Наведувајќи дека ги подготвиле сите планови за можна апликација за членство во НАТО, Линд рече:
„Ако ги исполниме критериумите, тогаш самиот процес може да напредува многу брзо. Процесот на ратификација на сите 30 земји ќе потрае. Нема знаци дека нема да бидеме добредојдени за членство во НАТО, но можно е нешто да се случи во процесот на гласање.“