Gökhan Ergöçün
12 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Германскиот увоз од Русија во март се зголеми за 77,7 отсто на годишно ниво, додека извозот е намален за 58,7 отсто, објави германската Федерална канцеларија за статистика (Дестатис), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Дестатис се наведува дека извозот паднал поради руско-украинската војна и санкциите против Москва, додека увозот се зголемил поради повисоките цени на суровините.
Најголем пад на извозот од 73,6 и 40,9 отсто е забележан во секторот машини и хемикалии.
„Вредноста на увозот на сурова нафта и гас е зголемен за 56,5 отсто во однос на претходната година, додека обемот на увозот е намален за 27,8 отсто“, информира Дестатис.
Во февруари германскиот извоз во Русија се зголеми за 16,7 отсто на годишно ниво.
Германскиот извоз во Украина е намален за 45,7 отсто во март, а увозот од Украина за 27,5 отсто во споредба со март 2021 година.