Dmitri Chirciu
19 Октомври 2019•Ажурирај: 21 Октомври 2019
МОСКВА (АА) - Во руската област Краснојарск се урна брана. Во несреќата животот го загубија 13 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Руското Министерство за итни случаи објави дека во градот Курагинскиј се урнала браната на реката Сејба, при што животот го загубиле 13 лица, а 12 лица се повредени.
Во соопштението се наведува дека 15 лица се водат за исчезнати и дека во тек се спасувачки операции.