Cüneyt Karadağ
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
БЕРЛИН (АА) - Во несреќата во која мал авион се урна во градот Мосбах во германската покраина Баден-Виртемберг животот го загуби пилотот на авионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека веднаш по полетувањето, авионот се запалил и сиот во пламен се урнал. Во соопштението се наведува дека животот го загубил пилотот на авионот.
Започната е истрага за да се открие причината поради која се запалил авионот и потоа се урнал.
Полицијата не го соопшти идентитетот на починатиот пилот.