Ekipa
28 Јули 2021•Ажурирај: 29 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун, на конференцијата одржана за воените ветерани, потешкотиите предизвикани од Ковид-19 ги спореди со случувањата во Корејската војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „НК Њуз“ (NK News), Ким на првата конференција на воените ветерани во Кореја одржана на отворено во Пјонгјанг рече дека тешкотиите што ги донесе пандемијата на Ковид-19 и продолжените ограничувања се натпреваруваат со тешкотиите во војната.
Во својот говор, севернокорејскиот лидер ја повика следната генерација да помогне во надминување на кризата предизвикана од пандемијата исто како што тоа направија воените ветерани кои се жртвуваа во 1950-тите години.
Се наведува дека сите учесници на конференцијата биле изземени од обврската за употреба на маски и за почитување на физичка дистанца.
Ким исто така ги пофали ветераните за нивната храброст за време на Корејската војна.