Islam Uddin
27 Септември 2023•Ажурирај: 29 Септември 2023
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 8 лица загинаа, меѓу кои има жени и деца, а 4 се повредени денес од експлозија на минофрлачка граната во југоисточната пакистанска провинција Синд, пренесува Анадолу.
Локалниот телевизиски канал „Дунја њуз“ објави дека инцидентот се случил во подрачјето на Катча, во округот Кандхот.
Семејство што собирало отпад пронашло неексплодирана граната. Во обид да ја растурат гранатата за да ја продадат на локалниот пазар, настанала експлозија, соопшти полицијата.
„Најмалку 4 лица се повредени и префрлени се во болница“, објавија медиумите.
Привремениот министер за правда на Синд, Макбул Бакар, побара извештај од главниот покраински генерален инспектор за тоа како гранатата се нашла на тоа подрачје.