Kasım İleri
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Сенат со мнозинство гласови го одобри воведувањето на нови санкции против Русија, Иран и Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Законот којшто се однесува на воведувањето нови санкции за трите земји беше усвоен со 97 гласа за и два против.
Претходно, законот беше усвоен во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, со 419 гласа за и три против.
Усвоениот закон со којшто се предвидува да се воведат нови санкции, ќе биде упатен до претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, кој може да го одобри или да го блокира, односно да стави вето.