свет

Сепаратистичката група ЕТА ги брои последните денови на постоење

Раководството на терористичката група ЕТА одлуката за укинување на организацијата ќе ја објави на 5 мај на собирот во францускиот град Бајон

Can Erözden  | 19.04.2018 - Обновена : 19.04.2018
Сепаратистичката група ЕТА ги брои последните денови на постоење

Madrid

МАДРИД (АА) - Баскиската сепаратистичка организација ЕТА најави дека на почетокот од следниот месец ќе го објави и формалното укинување и запирање на сите активности, пренесува Anadolu Agency (AA).

Шпанската новинска организација ЕФЕ објави дека раководството на терористичката група ЕТА одлуката за укинување на организацијата ќе ја објави на 5 мај на собирот во францускиот град Бајон.

ЕТА е формирана во 1959 година и започна вооружена борба за воспостаување независна баскиска држава во северниот дел на Шпанија и југозападна Франција. Се наоѓа на листата терористички организации во Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Организацијата се товари за убиство на најмалку 800 лица.

Раководството на ЕТА во април минатата година објави дека ќе го предаде оружјето и ќе ги заврши вооружените активности.

Во Шпанија се притворени вкупно 228 лица обвинети за членство во терористичката организација ЕТА, додека 52 нејзини членови се наоѓаат во затворите во Франција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın