Handan Kazancı
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ХАГ (АА) - Од Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) денес соопштија дека сè уште не се знае кога нивниот стручен тим ќе ја посети сириска Дума за да ја истражи употребата на хемиското оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Моментално не знаеме кога нашиот тим за пронаоѓање на факти ќе може да биде распореден во Дума“, истакна преку соопштение Ахмет Узунџу, генералниот директор на Организацијата, чие седиште е во Хаг.
Организацијата за забрана на хемиско оружје на 10 април објави дека ќе распореди тим за пронаоѓање на факти (FFM) да ги истражи сомнежите во однос на нападот со хемиски гас во Сирија.
Узумџу додаде дека според договорот со Одделението на ОН за спасување и безбедност (UNDSS), сириските власти ќе го придружуваат тимот до одредени точки, а потоа ќе го преземе руската воена полиција.
„Меѓутоа, Одделението на ОН за спасување и безбедност сакаше прво да изврши извидувачка посета на тие места, која беше направена вчера. Членовите на тимот за пронаоѓање факти не учествуваше во таа посета. По доаѓањето на првата локација се собра голема број на луѓе и советот на Одделението беше за тоа тимот на извидувачи да се повлече. На втората локација тимот се најде под вооружен оган, дури е детониран и експлозив. Затоа извидувачкиот тим се врати во Дамаск“, изјави Узумџу.
„Инцидентот повторно покажа дека се работи за високо променлив амбиент и безбедносен ризик со кој се соочува тимот за пронаоѓање факти“, нагласи Узумџу.
Сомнителниот напад со хемиско оружје, во кој беа убиени најмалку 78 цивили, се случи на 7 април. Со тоа Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) во Сирија пристигна во саботата, но сè уште не ја започна истрагата.
Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција на 14 април бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а станува збор, меѓу другото, и за магацини со хемиско оружје.