Aliia Raimbekova
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
АСТАНА (АА) - Русија лансираше воен сателит од космодромот „Бајконур“, што се наоѓа во Казахстан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на руското Министерство за одбрана, воениот сателит е успешно лансиран во 01:12 часот по московско време, преку ракета од типот „Протон-М“.
Во соопштението се вели дека сателитот е лансиран во насока на интересите на руското Министерство за одбрана, и дека заменик-командантот на Воздушно-вселенските сили на Русија, Александар Головко, раководел со лансирањето од космодромот „Бајконур“.