Ekip
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
АНКАРА (АА) - Руски и кинески борбени авиони минатиот месец влегоа во јужнокорејската воздушна одбранбена зона (КАДИЗ) без претходна најава, изјави претставник на Сеул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Два руски авиона влегоа во КАДИЗ на 24 март, само неколку часа пред Пјонгјанг да тестира интерконтинентална балистичка ракета во Источното Море“, објави новинската агенција Јонхап.
Се додава дека ден претходно, кинески воен борбен авион влегол во Кадиз во близина на островот Јео, јужно од јужнокорејскиот остров Џеџу.
Официјалниот претставник на Сеул рече дека ова е местото каде што се преклопуваат идентификациските зони на воздушната одбрана на Јужна Кореја и Кина.
Зоната на воздушна одбрана не е територијален воздушен простор, но вообичаено е странските авиони кои влегуваат во тие зони да се идентификуваат за да се спречат случајни конфликти.