Selçuk Acar
11 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека е потребно отворено да се согледа минатото и извршените стравични злосторства, налик на геноцидот во Сребреница, и веќе никогаш тоа да не се повтори, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес се одбележува 22-годишнината од геноцидот во Сребреница, а првиот човек на ОН, Гутереш, по тој повод објави порака во којашто се наведува дека и ОН мора да ја прифати својата улога што ја одигра во одобрувањето за спроведување на тоа страшно злосторство.
Гутереш потсети дека геноцидот во Сребреница е најстравичното злосторство што се случило во Европа од основањето на Обединетите нации.
„Денес се сеќаваме на илјадници убиени мажи и деца. Се солидализираме со семејствата и со пријателите на настраданите. Стравичните настани во Сребреница од јули 1995 година се историска вистина и детално се документирани. Меѓународните судови ИКТЈ и ИКК (Меѓународен кривичен суд за поранешна Југославија и Меѓународниот кривичен суд) рекоа дека тоа е геноцид“, порача Гутереш.
Генералниот секретар Гутереш исто така рече дека ОН го прифаќа својот дел од одговорноста за Сребреница и оти работи на тоа од грешките да извлече поуки и никогаш повеќе да не ги повтори.
Тој истакна дека за подобра и заедничка иднина на заедниците, неопходно е да се прифатат историските факти и вистини, и оти е одлучен да го поддржи процесот за воспоставување траен мир и стабилност на ниво на целиот Балкан.