Bayram Altuğ
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ЖЕНЕВА
Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Кристијан Линдмаер изјави дека не е изненадувачко тоа што во Франција првиот случај на заразување со коронавирус се појавил на 27 декември, јавува Агенција Анадолија (АА).
Линдмаер ги повика сите земји сите сомнителни случаеви на воспаление на белите дробови од ноември и декември да ги тестираат на присуство на Ковид-19.
Тој ги прокоментира наводите дека е потврден коронавирус кај пациент кој на 27 декември 2019 годила бил хоспитализиран во Франција поради респираторни проблеми.
Линдмаер истакна дека во Кина првиот случај на коронавирус бил потврден на 31 декември 2019 година, но дека е голема веројатноста симптомите на заразување да започнале да се појавуваат на почетокот на тој месец.
Тој порача дека Ковид-19 е пренесуван со меѓународните патувања многу претходно пред да биде откриен во другите земји.
„Сценаријатата од Франција или некои слични сценарија од другите земји можат да помогнат во дефинирање на ширењето на заразата“, изјави Линдмаер.
Францускиот лекар Ив Коен од болницата Ибн Сина (Авицена) која се наоѓа во париското предградите Бобини, на 3 мај за телевизијата BFMTV изјави дека кај пациентот кој на 27 декември е хоспитализиран поради респираторни потешкотиии е потврдено заразување со коронавирус.
Коен изјави дека заразата е откриена со повторно тестирање, додека, според податоците на француското Министерство за здрвство, првиот случај на заразување во таа земја е забележан на 24 јануари.