Bayram Altuğ
27 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) истакна дека е основана Фондација СЗО со цел обезбедување финансиска поддршка во борбата против глобалните здравствени проблеми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Откако американскиот претседател, Доналд Трамп, му испрати писмо на челникот на СЗО, Гебрејесус, и даде рок од 30 дена организацијата да се посвети кон големо суштинско подобрување, се закани за трајно замрзнување на средствата за СЗО и преиспитување на членството, СЗО презеде чекор кој привлече внимание.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на прес-конференцијата преку видео-врска одржана во седиштето на СЗО во Женева, истакна дека е основана Фондацијата СЗО.
Наведувајќи дека идејата за формирање фондација се развила пред две години, Гебрејесус рече дека формирањето не е поврзано со дискусиите за фондовите во последните неколку недели.
Тој нагласи дека ги охрабрил своите вработени да препорачаат „луди предлози“ за развој на организацијата:
„На еден од моите први состаноци во СЗО, еден од вработените предложи формирање на Фондација СЗО. Идејата беше да се создаде начин да се генерираат средства за СЗО, вклучувајќи ресурси што никогаш не сме ги испробале.“
Тој исто така додаде дека Фондацијата СЗО е основана за обезбедување донации во борбата против коронавирусот и другите епидемии и рече дека фондацијата е независна.