Betül Yürük
27 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
ЊУЈОРК (АА) - Обединетите нации (ОН) предупредија дека во Либија речиси секој ден по воздушен, копнен или морски пат се трансферира оружје, и истакнаа дека зголемувањето на прекршувањата на ембаргото на оружје ќе биде катастрофален за либискиот народ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата од Одделот за односи со јавност на Генералниот секретар на ОН се осудува употребата на експлозивни материјали од страна на силите на Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили од истокот на Либија, кои резултираа со цивилни жртви во Триполи и околината.
Исто така се наведува дека постои длабока загриженост за зголемувањето на бројот на платеници и оружје испратени до Либија за поддршка на обете страни, и се додава дека во Либија речиси секој ден по воздушен, копнен или морски пат се трансферира оружје.
Во изјавата се нагласува дека зголемувањето на прекршувањата на ембаргото на оружје ќе биде катастрофален за либискиот народ и се упатува повик до земјите членки на ОН да го почитуваат ембаргото за оружје.
Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) од 2011 година воведе ембарго за оружје за Либија.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога Моамер ал Гадафи беше соборен од власт и убиен.
Во земјата владеат судири меѓу меѓународно признатите либиски владини трупи и силите поврзани со Хафтар.