Elvir Hocic
24 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
ПЕКИНГ (АА) - Претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, влезе во повелбата на владејачката Комунистичка партија, што претходно му успеа само на основачот на комунистичкта власт во најнаселената земја на светот, Мао Це Тунг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Си Ѓинпинг, кој е предводник на Комунистичката партија од 2012 година, успеа да се наметне како највлијателен лидер на модерна Кина, а секако, сигурно е дека партиското тело утре ќе му довери уште еден петгодишен мандат на генералниот секретар.
Речиси 2.300 делегати на Конгресот на Комунистичката партија во Пекинг денес изгласаа во партиската повелба да бидат впишани мислите на Си Ѓипинг за социјализмот на кинески начин, а тие ќе бидат главна насока за дејствување на партијата.
На тој начин, Си стана прв кинески лидер по Мао Це Тунг, кој имаше привилегиран статус во партијата додека беше жив. Мислите на реформистот од 70-тите години на минатиот век, Денг Сјаопинг, исто така беа наведени во повелбата на партијата, но по неговата смрт.
На минатонеделното отворање на Конгресот на Комунистичката партија, Си одржа маратонски 3,5 часовен говор, во којшто истакна 15 нови темелни принципи за развојот на Кина.
Тој најави дека ќе продолжи борбата против корупцијата. За пет години од неговиот мандат, во Кина поради корупција се осудени околу 1,5 милиони разни партиски и државни официјални лица.