Gözde Bayar
09 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ТРИПОЛИ
Силите на либиската Влада на национално единство признаена од ОН бомбардираа конвој поврзан со командантот Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Воздушните сили на ГНА како цел го имаа конвојот во кој беа вклучени две вооружени возила на Обединетите Арапски Епирати, откако ги набљудуваа нивните движења на патот меѓу градовите Тархуна и Бани Валид, јужно од Триполи.
Не се дадени повеќе детали.
Либија е упориште на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година, кога беше соборен Муамер Гадафи од власт. Оттогаш траат тензиите во двата спротивставени табора. Владата на национално единство со седиште во Триполи ја има поддршката од Обединетите нации и меѓународната заедница, додека Калифа Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно ги поддржуваат Египет и ОАЕ.
Сепаратистичките сили на Хафтар од април минатата година изведуваат напади со цел заземање на Триполи.
На повик на лидерите на Турција и Русија, Ердоган и Путин, во Либија на 12 јануари е воспоставено примирје. Мировните преговори минатата недела во Москва не резултираа со потпишување договор за трајно примирје, бидејќи Хафтар ги напушти преговорите.