Mohamed Sabry Emam Muhammed
23 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
КАИРО (АА) - Најмалку петмина египетски војници загинаа доцна синоќа, во судирите на египетскиот полуостров Синај, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван претставник за безбедност соопшти дека вооружени лица стопирале воен автобус во централниот дел на Синај и отвориле оган врз војниците, а потоа избегале од местото на настанот.
„Војниците беа на пат кон воените единици по месечниот одмор“, потврди претходно споменатиот извор.
Египетската војска изрази жалење за нападот, но не објави детали за настанот за кој сѐ уште никој не презеде одговорност.
Синај е подрачје во Египет, кој веќе четири години е место на длабока политичка и безбедносна криза. Конфликтите на локалните милитантни групи и египетските вооружени сили се интензивираа од летото 2013 година, кога со воен удар беше соборен од власт првиот демократски избран претседател на Египет, Мохамед Морси.
Египетските сили оттогаш спроведуваат операции против вооружените милитанти на синајската група Вилајат Синај, која наводно е поврзана со терористите на ДЕАШ.