Dildar Baykan
25 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Сингапур е земја којашто на своите државјани им обезбеди патна исправа со „најголема предност во светот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Интернет-порталот „Pasaport Index“ на своите страници објави листа на којашто сингапурската патна исправа, со 159 поени, претставува „најпосакуван пасош на светот“.
На листата се рангирани 193 земји-членки на Обединетите нации и 6 специјални подрачја, а подредувањето е според можностите што пасошот ги нуди при минувањето на границите, патување без визи или бројот на земји во коишто може да се патува со аеродромски визи.
Во моментов, сингапурската патна исправа нуди можност за патување во 173 земји без виза и со освоени 159 поени се наоѓа на првото место на листата. Според тоа, Сингапур е првата азиска земја што се најде на првото место од оваа листа според можностите што ги нуди патната исправа.
Првите 10 земји на оваа листа се:
1. Сингапур 159
2. Германија 158
3. Шведска и Јужна Кореја 157
4. Данска, Франција, Финска, Италија, Јапонија, Норвешка, Шпанија и Велика Британија 156
5. Австрија, Белгија, Луксембург, Португалија, Швајцарија и Холандија 155
6. Канада, Ирска, Малезија и САД 154
7. Грција, Австралија и Нов Зеланд 153
8. Чешка, Исланд и Малта 152
9. Унгарија 150
10. Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија 149
Рангирањето на земјите од Балканот, освен Словенија, која е меѓу првите 10 е следно:
14. Хрватска 144
15. Бугарија 143
38. Србија 113
41. Македонија 108
43. Црна Гора 105
44. Турција 104
46. БиХ 101
47. Албанија 96
84. Косово 41
Авганистан е земја рангирана на последното, 94 место, со 22 поена.