Servet Günerigök
29 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Март 2020
ЊУЈОРК (AA) - Постојаниот претставник на Турција при Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу во обраќањето на Советот за безбедност истакна дека Турција не сака војна со Сирија, но дека нема да се двоуми да употреби сила, доколку биде потребно, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција не сака војна, но и нема да се двоуми да употреби сила за да ја заштити својата безбедност", рече Синирлиоглу.
Исто така, побара Советот за безбедност на ОН да ги запре воените злосторства на сирискиот режим.
Синирлиоглу рече дека можеби на некои не им е јасна разликата помеѓу турската војска и некои вооружени формации кои претходно напаѓале и не очекувале одговор каков што моментално добиле. Како што рече, некои тоа го учат и ќе го научат на потежок начин.
Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации Кели Крафт во ообраќањето во Советот за безбедност на ОН истакна дека Турција има полна поддршка во врска со одговорот на нападите кои доведоа до смрт на турските војници во Идлиб во Сирија,
Крафт ја повика Русија итно да ги приземји воените авиони во Сирија, додека Сирија и Русија ги повика да се повлечат на границите предвидени со договорот од Астана.
Во Советот за безбедност на Обединетите нации се одржува вонредна седница во врска со последните случувања во Идлиб во Сирија.
Итната седница се одржува на барање на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Белгија, Естонија и Доминиканската Република.