Adham Kako,Ömer Koparan
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД/РАС АЛ АЈН
Како резултат на тековните напади на терористичката организација ЈПГ/ПКК, бројот на загинати војници на Сириската национална војска (СНВ) се зголеми на 118, пренесува Anadolu Agency (AA).
Војниците на СНВ продолжуваат со активностите за пребарување во областа на операцијата „Извор на мирот“, која започна со цел оневозможување на формирањето терористички коридор близу јужната граница на Турција и за обезбедување мир и спокојство во регионот.
Откако операцијата беше запрена, војниците на СНВ, кои се наоѓаат на предните линии околу Тел Абјад и Рас ал Ајн, продолжуваат да ги уништуваат рачно изработените експлозиви кои им припаѓаат на терористите.
ЈПГ/ПКК често ги напаѓа предните линии каде што се наоѓаат војниците на СНВ, а исто така експлодираат и нивните автомобили бомби кои се поставени во населените области.
Според информациите добиени од командантите на СНВ на теренот, бројот на загинати војници на СНВ од 9 октомври, кога започна операцијата, се искачи на 118, а бројот на ранети изнесува 417.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во својот говор на 13 октомври рече дека „СНВ со вистинска херојска борба постигна голем успех во расчистување на терористичката организација од населените места“.
„Сириската национална армија даде огромен придонес и во оваа операција, како и во претходните операции“, рече на 23 октомври министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, кога беше гостин уредничкиот деск на Anadolu Agency (AA) во Анкара.