Mohamad Misto,Adham Kako
27 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
СУВЕЈДА/ИСТАНБУЛ (АА) - Околу 150 христијани во Сувејда, во јужниот дел на Сирија, во мир го слават најголемиот католички празник Божиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа сириска покраина се наоѓа под контрола на сириската опозиција, која ја обезбедува единствената црква на подрачјето Харбе во Сувејда, за да можат христијаните на мир да ги извршуваат своите верски обврски.
Преземени се опсежни безбедносни мерки на патиштата кои водат до црквата како и на влезовите и излезите од ова место. Во околината на црквата се наоѓаат војниците на сириската опозиција кои стражарат за христијаните на мир да го поминат овој празник.
Со мерките кои ги презеде сириската опозиција, христијаните на Сувејда, кои се во мал број, се задоволни кои по повод божиќните и новогодишните празници ги украсија своите домови.
Сувејда е познато како единствено место во кое живее мнозинско христијанско население.
Георг Бисара, еден од жителите, за АА раскажа дека Харбе е најдобар пример за соживотот на муслиманите и христијаните.
„Досега немавме ниту најмало несогласување. Секој гi почитува празниcite и на едните и другите. Тука имаме муслимански семејства кој во војната изгубиле некој свој. Заради почитта кон нивната волја, празнуваме во домашна атмосфера“, појасни Бисара.
Ебу Садам, еден од командантите на Слободната сириска армија, изјави дека сакаат христијаните да го прослават празникот на мир и на најдобар начин.
„Ние ги чуваме. Ги чуваме црквите и верските објекти. Тука сме за христијаните безбедно да ги спроведат своите верските обреди“, порача тој.