Cem Genco
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) испратија 14 камиони со хуманитарна помош до жителите на сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Хуманитарниот конвој, кој се состои од 14 камиони, го премина граничниот премин Џилвеѓозу на подрачјето на Рејханли, во Хатај. Помошта ќе биде доделена на цивилите во Идлиб и околината.
Идлиб е оддалечен околу пет километри од пограничното подрачје Рејханли, во турската област Хатај.

Граѓанската војна во Сирија започна во март 2011 година кога силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се обидоа со сила да ги задушат масовните продемократски протести во земјата.
Војната во која режимските сили беа на една, а опозициските сили на друга страна траеше кратко. Сирискиот огранок на терористичката органзиација ПКК (ПЈД/ЈПГ) ја искористи воената состојба за да преземе контрола врз североисточниот дел на земјата. Ограноците на Ал Каеда се бореа против сите со цел да го оживеат тоа терористичко движење кое беше пред изумирање, а во 2014 година како нов субјект во војната се појави и терористичката организација ДЕАШ.
Од почетокот на војната траат и борбите меѓу опозициските групи на кои единствена заедничка одлика им е да се борат против режимот, а меѓусебно се разликуваат по сите други параметри. Новите судири меѓу опозициските групи додатно ја усложуваат сликата за состојбата на теренот, но и ги отежнуваат процесите на воспоставување мир во земјата.