Ekipa
04 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
ИДЛИБ (АА) - Населените места и фронтови на сириската опозиција во Идлиб се цел на жестоки воздушни напади кои денес ги извршуваат руските авиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван локален извор за АА изјави дека руските бомбардери денес попладне извршиле напади на западниот дел на Идлиб и северниот дел на соседна Хама.
Истите извори јавуваат дека цел на жестоките напади биле идлипските места Џиср ес-Шугур, Бисенкул, Гани, Инеб, Сирманије и Зејзун во Хама.
„Три руски авиони од базата „Химеими“ досега извршија најмалку 20 напади“, соопштија од кулата за набљудување на воздушниот простор на сириската опозиција.
Нападите во регионот траат и понатаму, а сè уште нема информации за последиците и жртвите.
Идлиб е сириска покраина која се смета за најголемо упориште и енклава на сириската опозиција. Речиси четири милиони жители од тој регион веќе некое време стравуваат дека силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад би можеле да започнат нови напади.
Станува збор за регион од стратешко значење во кој новите судири би предизвикале голем бран бегалци кон Турција и Европа.