Muhammet Kurşun
04 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Метин Мутаноглу, заменик на генералниот директор и главен и одговорен уредник на Anadolu Agency (AA), во Иран ја посети новинската агенција „Мехр“, каде што се сретна со Гулам Риза Дехкани, заменик на генералниот директор и главен и одговорен уредник на оваа информативна куќа.
Со цел учество на 43. состанок на Раководниот одбор на Азиско-пацифичката унија на новински агенции (OANA), организиран од страна на официјалната иранска новинска агенција, во Техеран заменик на генералниот директор и главен и одговорен уредник на Anadolu Agency, Метин Мутаноглу, ја посети иранската новинска агенција „Мехр“.
Средбата се одржа во објектот на новинската агенција „Мехр“ во главниот град Техеран, а на неа учествуваа и Јилмаз Јаман, директор за маркетинг и коорпоративни комуникации на АА, Хикмет Ѓок, уредникот на Редакцијата на персиски јазик на АА, Мухамед Кадири, главниот уредник за надворешни вести на агенцијата „Мехр“ и Пејман Јездани, одговорниот уредник за вести на англиски јазик на оваа агенција.
Мутаноглу на средбата истакна дека АА, движејќи се кон својата 100-годишнина, има свои дописници во 100 земји и истакна дека агенцијата ја зголемува својата мрежа на вести на глобално ниво.
Во рамките на визијата на АА да стане една од најефективните новински агенции во светот, Мутаноглу потсети дека по развојот на настаните во Ерусалим (Кудс), агенцијата донела одлука седиштето на Редакцијата за Блискиот Исток да го префрли во Источен Ерусалим кој е под израелска окупација. Мутаноглу истакна дека со овој чекор, Редакцијата сака да покаже дека му излегува во пресрет на Ерусалим (Кудс).
Главниот и одговорен уредник Мутаноглу истакна дека е потребно Турција и Иран да вложат напори за потесна соработка. Посочувајќи дека за таа цел, во 2015 година е отворена Редакцијата на АА на персиски јазик, Мутаноглу рече:
„Турција и Иран имаат повеќе заеднички вредности, како Мевлана, Ширази и Шахријар. И двете нации физички наликуваат една на друга. Во медиумите е потребно да користиме јазик кој на еден конструктивен начин ќе нѐ приближи едни кон други. Иако одвреме-навреме постојат одредени недоразбирања, соседството и пријателството меѓу двете земји ќе продолжи.“
Главниот и одговорен уредник на Мехр, Дехкани, посочувајќи на заедничкото минато, рече дека покажуваат интерес за османлиската историја и благодарение на искуството стекнато од минатото, го истакна своето убедување дека е најважно во преден план да се извлечат заедничките интереси на двете земји.
Истакнувајќи дека и двете страни заедничката соработка треба да ја зајакнат, Дехкани изјави дека е потребен заеднички настап за регионалните прашања, првенствено за прашањето за Палестина.