Ekipa
23 Декември 2019•Ажурирај: 24 Декември 2019
БЕЈРУТ (АА) - Сирискиот режим соопшти дека нивниот воздушен одбранбен систем пресретнал проектили истрелани од Израел, објави официјалната новинска агенција САНА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Воздушниот одбранбен систем синоќа во 23:00 часот пресретна непријателски проектили истрелани од окупираните територии на Израел, а еден од нив падна во областа Акраба во близина на Дамаск“, објави САНА.
Не се дадени детални за тоа дали има повредени или е причинета штета.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.