Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
01 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
ИДЛИБ (AA) – Припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и нивните сојузници Русија продолжуваат со нападите на Зоната за деескалација на судири во Идлиб, а во последните напади загинаа најмалку двајца цивили, јавува Агенција Андолија (АА).
Опозициската опсерваторија соопшти дека руските авиони рано утрово извеле напади на центарот на градот Идлиб, потоа на регионите Кефренбил, Кефер Секен и Берсе.
Исто така, режимските авиони изведоа напади на Серакиб, јужно од Идлиб и врз селата Кенсафр, Шејх Идрис, Маритхирм, Иџази, атр, Семка, Тал Крисјан и Хас.
Во нападите загинаа најмалку двајца цивили.
Во нападите кои режимските и руските сили од 17 септември 2018 година, кога е постигнат договор за Идлиб, во зеоната за ескалации на судири во Идлиб загинаа повеќе од 1.300 цивили.