Haydar Karaalp
01 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
БАГДАД (AA) - Пратениците во ирачкиот Парламент ја прифатија оставката на премиерот Адил Абдулмехди, која тој официјално ја поднесе во саботата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Парламентот е соопштено дека е прифатена одлуката на премиерот да поднесе оставка. Од 329 пратеници, на седницата присуствуваа 241, кои учествуваа во гласањето.
Претседавчот на Парламентот, Мухамед ал Халбуси, рече дека ќе испрати писмо до претседателот Берхем Салех да именуваат нов премиер во согласност со членот 75 од Уставот.
Според членот 76 од Уставот, претседателот му дава на Парламентот 15 дена да избере нов премиер.
Абдулмехди претходно оваа недела во писмена изјава порача дека оставката ќе ја испрати до ирачкиот Парламент, со што го прифати повикот на шиитскиот лидер Али Систани
„за да не ја одвлече земјата во хаос“.
Ирак е упориште на повеќедецениска длабока политичка и безбедносна криза, а од почетокот на октомври траат и антивладините протести на кои демонстрантите бараа оставка на премиерот Адил Абдулмехди.
Според податоците на Комисијата за човекови права, од почетокот на протестите во Ирак смртно настрадаа најмалку 336 лица, а во нередите на улиците се повредени околу 15.000 луѓе.