Halit Süleyman,Burak Karacaoğlu
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ДАМАСК/ИДЛИБ (АА) - Режимот на Башар ал Асад изврши воздушни напади врз појасите Земелка и Хезе, кои се дел од „зоната без судири“, во сирискиот главен град, Дамаск, во кој загинаа вкупно седум лица, од кои 4 деца, додека во бомбашкиот напад во Идлиб се повредени пет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухаммед Етхем од Центарот за цивилна заштита во областа Источна Гута во Дамаск, во изјава за АА истакна дека воените авиони на режимот ги бмбардирале појасите Земелка и Хезе кои се под контрола на опозицијата.
Етхем информираше дека во нападот во Земелка загинале три деца, додека во Хезе четири лица, од кои едно дете, а има голем број повредени.
Етхен вели дека настаната е голема штота во местата бомбардирани од страна на силите на режимот.
Појасите Земелка и Хезе кои се наоѓаат во областа Источна Гута во Дамаск, веќе пет години се под опсада на режимот. Жителите во Источна Гута во кој силите на Асад не дозволуваат влез за хуманитарна помош, со вода се снабдуваат од бунари, додека со електрична енергија од генератори.
- Напад со возило бомба во Идлиб
Од друга страна, Али Ел Мери од цивилната одбрана во градот Идлиб кој е под контрола на опозицијата, пренесе дека две жени и три деца се повредени од експлодираното возило-бомба во близина на болница во населба Мештел.
Мери истакна дека ранетите се пренесени во болница за лекување.
Сеуште никој не ја презеде одговорноста за нападот.