Nour Mahd Ali Abu Aisha,Mehmet Nuri Uçar
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ГАЗА (АА) - Дури 29.000 посиромашни семејства во Газа добија хуманитарна помош која Турција ја испрати со брод минатиот месец, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменикот-претставник на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за Газа, Раид Киста рече дека помошта е дадена на семејства во неколку градови низ Појасот Газа.
Тој рече дека помошта е поделена во соработка со Канцеларијата за итни случаи при турската Влада (AFAD) и Министерството за социјален развој во Газа.
Поделбата на помошта која дојде со третиот турски хуманитарен брод минатиот месец, ќе биде завршена во следните неколку дена.
Тој додаде дека сите камиони со помош влегле во Газа и дека во иднина ќе бидат дистрибуирани 100.000 вреќи со брашно за семејствата на кои им е потребна помош.
Турција во јули и септември минатата година, исто така испрати бродови со хуманитарна помош за населението во Газа.