Halit Süleyman
04 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Бројот на жртвите во експлозијата што се случи вчера во сала за веселби во сирискиот град Хасека, се зголеми на 30, додека бројот на повредени порасна на 90 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, експлозијата се случила во сала за веселби во градот Хасека, во североисточниот дел на Сирија.
Повредените лица биле пренесени во болници во градовите Хасека и Камишли, а најголемиот дел од нив се во тешка состојба.
Сириската новинска агенција САНА јави дека одговорноста за нападот ја презела терористичката организација ДАЕШ.
Локалните извори наведуваат дека станува збор за самоубиствен напад.