Sarp Özer
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
АФРИН (АА) - Вооружените сили на Турција (TSK) во северозападниот дел на Сирија неутрализираа осум терористи кои се обиделе да им се приближат со цел да ги нападнат, јавува Anadolu Agency (AA).
Вооружените сили на Република Турција (TSK) во саботата ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“ во подрачјето на Африн, северна Сирија, чиjа цел е елиминирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ.
Во судирот кој се случи синоќа откако терористите на ЈПГ/ПЈД/ПКК се обиделе да се приближат и да ги нападнат припадниците на турските вооружени сили, неутрализирани се осум терористи.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.