Afra Aksoy
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
БЕНГАЗИ (АА) - Во два бомбашки напади извршени синоќа во Бенгази, во источниот дел на Либија, загинаа 34 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од болницата е потврдено дека во нападот извршен пред џамијата Биат ер Ридван во Бенгази, по излегувањето на верниците, загинале 24, а биле ранети 73 лица.
Постои загриженост дека бројот на мртвите би можел да се зголеми. Сè уште никој не презеде одговорноста за нападот.
Владата и членовите на Претставничкото собрание во Тобрук го осудија нападот и прогласија тридневна жалост.
Замениците на претседателот на Советот при либиската Влада на национално единство, Фети ел Мецези и Али Катрани, го оквалификуваа нападот како терористички и повикаа на откривање на сторителот.