Özkan Beyer
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
КИЛИС (АА) - Откако во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, покрената на подрачјето на сирискиот регион Африн за чистење на терористите на ПЈД/ПКК, на планината Дармак е подигнато знамето на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Планината е од стратешко значење на северозападниот дел на Африн, од каде од 20 јануари, кога беше покрената офанзивата на ова подрачје, членовите на терористичката организација ПЈД/ПКК извршуваа ракетни напади на турскиот град Килис.
Турските сили ја исчистија планината од терористите и го истакнаа турското знаме.
Операцијата во Африн е покрената во рамките на турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, посебно оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.